Два тима од Македонија со своите проекти кои беа одбрани како најдобри на првиот NASA Space App Challenge во Скопје кој се одржа на 20 и 21 април ќе се претстават пред NASA.
Студентите на ФЕИТ, Никола Петков, Стефана Филипова и Филип Спасовски кои работеа на предизвикот “ArduSat” и студентите од Факултетот Св. Апостол Павле од Охрид кои работеа на проектот “We love data Satellite – Observation-Forecast App“ ги прават своите завршни подготовки пред да ги испратат своите проекти во NASA.
На почетокот на следната недела двата тима со помош на официјалниот партнер на настанот, компанијата „Seavus“ ќе подготват видеа преку кои ќе се претстават себеси и проектот.
На првиот NASA Space App Challenge кој се одржа во Македонија учествуваа околу 60 студенти, инжинери, астрономи и ентузијасти кои се обидoа да најдат софтверско и хардверско решение за предизвиците кои ги постави NASA со цел да го подобрат животот на Замјата и вселената.