Победете го јануарскиот замор: Трикови за подобрување на расположението

Ако се чувствувате и вие депресивно и мрзеливо, употребете некои од овие трикови и јануарската депресија ќе пројде набрзо.

Јануари е месец кој ни носи најмногу замор, а покрај тоа и времето надвор е студено и сиво, а вие сакате да сте по цел ден во пижами.

Победете го тоа, научете неколку докажани чекори за среќа и се ќе биде полесно.

Недостаток на светлина

Недостатокот на сончева светлина, влијае на нашиот животен ритам што го регурира сопствениот часовник. Кога тој не е синхринизиран се чувствуваме заморно, не спиеме и се прејадуваме. За да пронајдете решение, обидете се да шетате повеќе во текот на денот или да седите крај прозорецот.

Размислете што слушате

Заборавете на оптимистичната музика – научниците тврдат дека слушањето на тажни песни е најдобар начин да се подобри нашето расположени. Тоа помага за изразување на емоциите, регулирајќи ги лошото расположение и осаменоста, е ќе ни помогне и да се чувствуваме посмирено.

muzika-slusalice-profimedija-1419890931-603605

Направете пауза за чај

Дистанцирајте се за момент од работната маса и направете си чај. Чајната пауза ги подобрува расположението, креативноста и помага во решавање на проблемите.

Вежбајте

Вежбите помагаат во подобрување на состојбата. Доколку не сте љубител на теретаните, обидете се да пешачите што повеќе, идеално е 10.000 чекори дневно.

vezbanje-joga-zene-foto-profimedia-1418074748-597275

Станете

Седењето е лошо за вашиот организам. Истражувањата покажаа дека седењето со часови ги зголемува шансите за дијабетис, срцеви заболувања, дебелеење и ран морталитет, а да не ги споменуваме болките во грбот.

Дишете лесно

Она што може да ве направи среќни, креативни и помалку загрижени, но и да ги заблажи артритисот, Алцхајмеровата болест и подобрувањето на сонот, е медитацијата. Седењето во тишина и долгото, бавно сишење ги намалуваат стресот и негативните мисли.

devojka-meditacija-foto-thinkstock-1417696054-595969

Лошо будење

Бидењето во темнина и без аларм е тешко самото по себе. За почеток, најдете попријатно решение. На својот телефон превземете апликација – циклус на спиење, што ќе ви овозможи да спиете со смирувачкиот звук на океанот. Звукот ќе го следи вашиот сон и ќе ве разбуди во неговата најслаба фаза, така што ќе се разбудите во благосостојба.

- Реклама -