„Победа за Германија“, преименувана мисијата на НАТО во Украина

НАТО договори ново име за својата мисија во Украина: Проектот повеќе нема да се вика НАТО Мисијата Украина (НМУ), туку Безбедносна помош и обука на НАТО за Украина (НСАТУ).

Дипломати за ДПА изјавиле дека новото име се смета за победа за Германија, бидејќи појаснува дека мисијата се однесува на активности за поддршка и обука.

Повеќето земји-членки го поддржаа името НАТО Мисија Украина, но германската влада тврдеше дека ова може да биде погрешно протолкувано како Алијансата да има намера да испрати војници во Украина и може да биде искористено од Русија за пропаганда против Алијансата.

Другите членки тврдеа дека Кремљ ќе го осуди проектот на НАТО во својата пропаганда како и да се нарекува.

Улогата на НСАТУ првенствено ќе биде меѓународна координација на испораките на оружје и активностите за обука за украинските вооружени сили. Тоа се смета и како мерка на претпазливост во случај Доналд Трамп да се врати како претседател на САД во јануари 2025 година.

Прочитајте и:  Путин со обраќање до нацијата: Конфликтот доби глобален карактер

Претходните изјави на Трамп предизвикаа сомнежи дали САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина под негово водство.

Во алијансата се стравува дека промената на политиката во Вашингтон ќе влијае на координацијата на испораката на оружје и активностите за обука на украинските вооружени сили, пишува ДПА

Оваа задача досега ја извршуваа САД. На крајот на 2022 година, тие формираа единица од околу 300 војници наречена Група за безбедносна помош-Украина (SAG-U) во европскиот штаб на американските вооружени сили во Визбаден, Германија.

Мисијата на НАТО сега ќе има приближно ист број персонал.

- Реклама -