Повеќето дами на новогодишната ноќ очекуваат подарок од своите партнери, а многу од нив се надеваат на накит. Но, кога имате духовит маж покрај вас, ваквите очекувања можат брзо да пропаднат во вода.
„Мојата сопруга ми побара накит за Божиќ. И купив, но мислам дека нема да биде претерано среќна“, напишал Џонатан Х. кој на интернет објавил фотографија од неговиот подарок.
Имено, наместо скапоцен накит, тој на неговата сопруга и купил шолја за кафе, чија рачка е во облик на прстен.
„Претпоставувам дека ќе одглуми насмевка, ќе ме нарече со некои погрдни зборови, и на крајот ќе направи кафе за двајцата“, додал тој.
Голем број луѓе коментирале на фотографијата дека не треба да биде изненаден доколку после ваквиот подарок неговата сопруга му побара развод.