Како што веќе се случува во Саудиска Арабија, бил склучен брак меѓу двајца луѓе кои никогаш порано не се сретнале. Меѓутоа, кога младоженецот добил дозвола да ја открие невестата, следувало разочарување – и тоа, за двете семејства.
„Ти не си девојката која што ја замислував. Извини, сакам развод“, добила невестата наместо бакнеж.
Младоженецот и рекол дека сака развод, веднаш откако таа го подигнала превезот да му го покаже лицето за прв пат.
Невестата, како што пишуваат саудиските медиуми, почнала хистерично да вика, а гостите се обидувале да и помогнат. Еден пријател од семејството на младата девојка рекол:
„ Тој предизвика голема болка со своето однедување и тој заслужува да пати. Требаше да ја почитува убавината на нејзината душа, а не на лицето“.
Како што сугерираат обичаите во некои земји на блискиот исток, парот од Медина се согласил на договорен брак, без оглед што никогаш порано не се сретнале.
Како во идниска, па и турска серија.