Земјотресот и цунамито на островот Сулавеси однесоа над 1200 животи и како тоа да беше малку, се активирал и вулканот Сопутан.
Засега нема информации дали има жртви или повредени, ниту пак дали е причинета материјална штета.
Во земјотресот беа уништени повеќе од 65.000 куќи, а раселени се повеќе од 60.000 луѓе на кои им е неопходна помош.
Бројот на жртви во земјотресот и цунамито може да расте, бидејќи не се расчистени сите урнатини, а голем број луѓе се водат за исчезнати.