По вчерашниот напад во „Дамар“, нови закани на интернет

По вчерашниот напад врз кафе барот Дамар, каде што ЛГБТИ Центарот за поддршка одбележуваше две години од своето постоење, се појавија повици за насилство и закани упатени кон ЛГБТИ активистите.

На настанот во кој се најавува забавата, едно лице отворено ги предупредува организаторите дека „следниот пат ќе биде уште полошо“.

„Неодамна (4 Јули, 2013) на ФБ групата Macedonia предупреди дека следниот пат (а тоа беше овој пат) ќе има предупредувачки ќотек, и сега повторно ќе предупредам дека следниот пат (ако воопшто го има) ќе биде уште многу полошо, поготово по главата на организаторите! Сега тие треба да се пазат многу повеќе од вас затоа што ќе нема да се сокријат“, гласеше коментарот оставен на Фејсбук, кој после кратко време бил избришан, пишува РадиоМОФ.

Во вчерашниот напад беа полесно повредени две лица, откако насилна група од 20 до 30 лица започнала да мава со стаклени шишиња и гајби кон гостите.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за откривање на сторителите.

- Реклама -