По трет пат: Натпревар меѓу пензионерки – „Бабина баница“

Повеќе од 3.000 пензионери од 55 општински здруженија ќе учествуваат денеска на пензионерскиот собир, а за натпреварот „Бабина баница“ се пријавени триесетина пензионерки од Македонска Каменица, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Кочани и од други места.

Здружението на пензионери и општина Македонска Каменица се организатори и домаќини на Пикникот на пензионерите од нашата држава и на натпреварот „Бабиба баница“, што годинава се одржуваат по третпат во Туристичкиот локалитет „Еленец“ кај селото Цера.

festival_2010_26

Во културно-забавниот дел од програмата ќе настапат повеќе музички состави и фолклорни групи од повеќе општински здруженија на пензионерите.

Од годинава, пикникот на „Еленец“ и натпреварот „Бабина баница“ со учеството на претставници од Здруженијата на пензионери од Србија и од Бугарија добиваат меѓународен карактер.

- Реклама -