„Откако излезе снимката за “Рекет”, почитуваната Катица Јанева која е на ‘ваканција’ во Калитеа ја фати глава и си плати масажа која според неименуваниот извор чинела 10 евра… Тек почеток е Катицеее, многу повеќе ќе те боли глава“, порача од својот фејсбук профил портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, објавувајќи фотографија од специјалната обвинителка на плажа во соседна Грција.
Во четвртокот италијанското издание La Verita објави шокантна снимка на којашто се гледа како сега притворените Бојан Јовановски (Боки 13) и неговиот соработник Зоран Милески Кичеец го уверуваат бизнисменот Орце Камчев дека Јанева нема да се жали на одлуката да му биде укитан притворот во предмет на СЈО.