По словачкото вето, Македонија отвара и амбасада во Братислава

„Поднесовме барање до Владата за отворање на ново дипломатско конзуларно претставништво на Република Северна Македонија во Република Словачка, со седиште во Братислава“, соопшти денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Мислам дека односите меѓу нашите две држави се позитивни и се развиваат во позитивна динамика и има потреба да се отвори ново ДКП во Братислава, коешто досега се покриваше од ДКП-то во Виена“, истакна Османи.

За потсетување, Словачка, заедно со Чешка, беа двете ЕУ членки кои ставија вето на заклучоците на Европскиот совет за Западен Балкан, во кои Бугарија издејствува да се најде и фразата „погрешно толкување на историјата“.

Прочитајте и:  Мицкоски: Нашите аргументи му се предочени на Радев, очекувам добрососедство и до крајот на годинава да го продолжиме нашиот процес
- Реклама -