ПО СКОПСКИВЕ НОЌНИ КЛУБОВИ, НАЛИК НА КОЊСКИ ШТАЛИ

1112060493mnНашата ебана метропола е во последен стадиум на хибернација. Метропола е наречена од оние кои у животот свој не отерале подалеку од Катланово на Север и Сарај надоле на Југ. Последните форми на живот у овој град се останати у некои прчвари кои некогаш беа елитни места и каде што свој чекор оставаа мангите на градот. Денес од тие локали, само руини и не проветрни вециња. Некој нов амбиент, бели чаршави и неонки од кои се исцртуваат подочњаците на пропаднатите фаци. Рок и диско ритамот се избркани у подрумите и гаражите а актуелен е сега новиот рефрен на некогашниот кравар и овчар, кој сконтал дека заработката со микрофон е полесна отколку со балирање сено.

Дискотеки поретко! Само мрачни гс места со дрвени врати кои се затвараат со катанци и кои моеш у секој момент да ги приспособиш у коњушници или штали за одгледување крави. Ентериер кој се распаѓа и цени на пијачките кои треба да ги го продадат лажниот филм дека ете, живееш у голем град. Поарно оваа багра и не заслужува. На врата ти наплаќаат карта ко да влагаш у Мелквег у Амстердам а тоа е уствари некоја скривница прилагодена у ноќен клуб. Мрачни места кои може слободно да го угасат и последното сијаличе. Ич нека не се гледа поарно што народ и што места го праат ноќниот живот на градов. Филм кој може да ја голтне само новосоздадената граѓанска чобанарија.

Може да најдеме кафана на секој чекор без проблем. Мирисот на плескавица и рефрените кафански доаѓаат од секој чекор. Спонзорушите пушат цигари пред врата и гледаат кој со каква кола улетува на локање. Тепачите држат некој ќош и зјапаат наоколу а некои и дури се журкаат. На секој ќош по една свадба без невеста, пентарење по маси и кршење чаши. Песни лошо преработени од ненадежни музиканти кои нема никад да напреднат у музичари. Обид за излегување у град. По кафана, чоек треба да иде да се доначука у некое клаусторфобично место у кое ќе ги видиш истите фаци од кафаната.

Скопје е водечки град у светов во убивањето на градот во себе. Мала пустелија каде целокупната раја треба да продефилира у 4-5 локалчиња со големина на ќибрит. Толку од обидот и за ноќен живот. И начинот на курвање кај жените повеќе не е скопски. Некад имаа манири на елоквентни девојки кои немаше никад да паднат ниско у очите на фраерот па какви и фори да покажат у кревет. Сега новиве кози не мора да покажуваат никакви фори. Скапани курветини се по првиот изговорен муабет.

Чиста среќа е што секогаш има некоја опција за спас од ова лудило. Палиш колата и возиш едно 200 км у непознат правец. Гепекот го пуниш со алкохол, до тебе ја седнуваш онаа дадичка која одамна раскрстила со твојот карактер и те перцепира исклучиво ко вибратор. Паметна жена што сака да ужива, не навлага многу у табиетот на мужот. Ко ќе почне да го разматра карактерно, тогаш и паѓа квалитетот на општење. Уживај маче и отвори лименка пиво. Го оставаме овој град на демоните и го гледам како се смалува у ретровизорот. Ми го откопчува шлицот и ја наведнува главата накај моето седиште. Возам у непознат правец со мојата градска фуфа…Она знае како а и ја знам зашто ќе биде дел од ова патување. Од ова бегство…Од ова деконтаминирање…

НАПИША: БУЛЕВАРКО

- Реклама -