Не е тајна дека Крис Џенер вложува многу труд, пари и време за изгледот, а сега направи провокативна фото сесија на која ја покажува фигурата на која секоја врсничка би и завидувала.
Смао неколку денови откако се разведе од Брус Џенер, 57-годишната Крис сними секси едиторијал за магазинот „New You“.
Крис позира во црн тесен фустан со чипка и црвен кармин. Во интервјуто открила дека сака засекогаш да се чувствува секси.
Нејзината сестра Карен неодамна откри дека Крис потрошила околу милион долари за естетски корекции.
„Сексуалноста не е нешто што исчезнува. Се е состојба на умот. Мислам дека жените може да бидат секси на било која возраст“, изјавила Крис и додала: „Погледнете ја Џејн Фонда. Има 75 години, а изгледа како божица. Таа е секси и многу ме инспирира“.