По половина век, Lamborghini Miura се реинкарнира во Aventador Homage (ВИДЕО)

d031512b-05fa-47dd-8036-1c3059ff3a49_790[1]

Моделот, икона од средината на 60-тите години на минатиот век, Lamborghini Miura познат и од филмот со Натали Делон, „Чудна лекција“ многу често ги враќа фановите во еден магичен свет. Таке и со денешната Miura која се обидува да не врати наназад во времето, а сепак да ни ја понуди иднината.

Станува збор за модел означен како 2017 Lamborghini Miura Homage, лимитирана серија од моделот Aventador, стилизиран во склад со оригиналните црти и форми на оригиналната Miura од 1966. Технички гледано не станува збор за сосема нов автомобил, но името е интересно, што само по себе ја прави новата изведба реткост. Lamborghini ќе направи само 50 примероци Miura Homage и повеќето од нив се веќе нарачани.

Aventador Miura Homage е проект на студиото на брендот Ad Personam во кој стремежот е да се направи дизајн на современиот модел што е можно поблиску до оној на оригиналот. Важен елемент за ова е битоналното сликарството. Од Lamborghini нудат шест популарни оригинални бои, вклучувајќи и Rosso Arancio Miura, Blu Tahiti и Verde Scandal. Во екстериерот впечаток оставаат специјалните фелни Dione – напред 20, позади 21-инч, амблемот Miura, а во внатрешноста кожениот тапацир во две бои, јаглеродните апликации и луксузните детали.

За разлика од оригиналниот, со 4.0 литарски V12, Aventador Miura Homage е опремен со 6.5 V12 кој развива моќност од 700 КЅ и од место до 100 km/h забрзува за под три секунди. Максималната брзина на новата италијанска убавица е 350 km/h.

Автоплус

- Реклама -