Мажите кои се уште имаат чувства кон старата љубов често ставаат забрана да се спомене нејзиното име, збинети се кога ќе ја сретнат и редовно го проверуваат нејзиниот профил на Фејсбук.Тој ќе каже дека одамна не чувствува ништо кон неа, но тоа го вели секој маж како одговор на прашањето дали ја заборавил. Ако навистина ве интересира вистината, побарајте ја во малите скриени знаци.
Ја проверува на Фејсбук
Ако го фатите како секојдневно го отвара нејзиниот профил на социјалната мрежа, вашите сомнежи се оправдани. Сепак, тоа не значи дека треба да го терате да ја избрише од својот профил, бидејќи пријателството на фб не значи комуникација, флерт и изневерување како услов. Независно од тоа, навистина се случува поранешните љубовници да не контактираат, или тоа го прават кога навистина имаат нешто важно.
Неговите пријатели не смејат да ја споменат
Мажите кои се уште имаат чувства кон поранешната љубов често ставаат забрана за споменување на нејзиното име. Ако неговите пријатели пред вас без најмалку страв би ја спомнале, тоа значи дека се е завршено и немате потреба за загриженост.
Кога ќе ја сретне не останува рамнодушен
Средбата со старата љубов на улица може да биде многу непријатна. Особено ако сте во друштво на нова љубов. Мажите кои не остануваат без текст кога ќе ја сретнат поранешната дефинитивно ја преболеле. Оној кој се уште гае некакви чувства, се однесува збунето и ќе се обиде да избега што побрзо.