По најавата за оставка од актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се погласни се шпекулациите дека нов лидер, ќе биде генералниот секретар на партијата, Христијан Мицковски.
Аргументите во полза на Мицковски се дека тој позади себе нема опашки, СЈО за не води никаква истрага, а резултатите во неговото кратко директорување во ЕЛЕМ, се импресивни.
Христијан Мицковски е професор на Машинскиот факултет во Скопје, фамилијарен човек, кој одговара на профилот на посакуван демохристијански политичар.
Тој особено се истакна во предизборието, кога со неговите јавни настапи, на дебатни емисии, остави впечаток на зрел политичар, кој има вистински одговор на сèкое прашање.
Сепак, да го почекаме вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, можеби ќе се појават и некои нови кандидати, а секако тука се и иницијаторите за реформи во партијата, кои одамна чекаат шанса за свој влез во партиските органи.
П.П.