По менопаузата започнува прекрасниот секс!

Добрата вест за жените во постменоауза е дека плодноста и желбата за секс се две сосема различни неша. Вистина е дека кога менструацијата ќе запре, жените испуштаат помалку женски хормони, што доведува до физички промени, како недоволно вагинално навлажнување и паѓање на косата .

Но, наместо на овие промени да се гледа во негативна светлина, мислете дека по оваа промена конечно сте ослободени од менструацијата и стравувањата од забременување.

 

Годините по менопаузата можат да бидат  време кога би можеле да практикувате најдобар секс во животот. Новата слобода ви овозможува целосно да уживате во сексот – ментално и физички. Откако мажите и жените ја достигнуваат  возраста кога хормоните се менуваат, нивната желба за секс ослабува. Сепак е важно како за жените, така и за мажите да продолжат да уживаат во сексуалниот живот, иако не толку често како порано. Со малку напор мажите можат да ги подобрат своите сексуални функции, без да се потпираат на лекови.

 

Најлесен начин е да се испијат две чаши вода час пред сексуалниот однос. Откако веќе сте ја испиле водата, таа се собира во мочниот меур, со тоа што ја  стимулира простатата и значително ја зголемува ерекцијата. Треба да се напомене дека овој ефект не се постигнува со пиење на пиво или чај, бидејќи кофеинот и алкохолот ги стегаат крвните садови.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Многумина постари мажи ќе речат: „Не би сакал да се занимавам со нешто толку тешко и заморно”, но за брачните парови или за маж и жена, кои навистина се сакаат еден со друг, сексот никогаш не е напорен или исцрпувачки акт.

 

По медицински пат е докажано исто така, дека духовната и физичката  среќа ги зголемуваат имунолошките функции на поединецот. Секој маж би сакал да биде млад и во форма, посакуван и сакан од една жена. И секоја жена би сакала да биде убава, посакувана и сакана од еден маж. Многу е важно да продолжите да доживувате слични чувства, за да живеете подолг и поздрав живот. Ова мислење е валидно за сè; кој прв се откажува, прв губи. Ако се предадете со умот, телото исто така ќе почне да старее побрзо.  Тоа е тајната на долгиот и здрав живот.

- Реклама -