По Лондонскиот маратон трчал 159 километри до дома

По Лондонскиот маратон трчал 159 километро до дома Откако Сем Робсон го завршил својот прв маратон, решил да си отиде дома. Но, за разлика од сите останати коишто наоѓаат некаква форма на превоз, Сем започнал да трча кон својот дом, на оддалеченост од 159 километри од целната линија.

Сем Робсон (28) истрчал 42 километри и 195 метри за 3 часа и 45 минути, на тој начин завршувајќи го својот прв маратон. Но, се чини тоа не било доволно, па по целната линија едноставно продолжил да трча кон својот дом, на оддалеченост од 159 километри и 325 метри. На крајот, Сем Робсон претрчал вкупно 201,5 километри, за 29 часа – со темпо од нешто под 9 минути по километар.

Робсон, којшто работи како медицински истражувач, го завршил ултра маратонот за добротворни цели, поточно за да собере колку што може повеќе средства за UK Epilepsy Society. Самиот тој страда од епилепсија уште од тинејџерските денови. По завршувањето на подвигот, успеал да собере околу 5 илјади фунти.

Прочитајте и:  Зимата и затворениот прoстор значат поголема опасност од мувла

Следниот ден, Сем им кажал на новинарите што го интервјуирале дека се чувствува одлично, освен малата болка во колкот, којашто е нормална по таков напор. Според него, трчањето воопшто не било тешко, тешки било само застанувањата. Тој редовно морал да застанува за да полни вода и да јаде, за да надополни 15 илјади калории, колку што согорел со подвигот. Нормално, и самиот факт што успеал да остане буден 29 часа при таков физички напор е за поздравување. [Man runs London Marathon – then another 99 miles home]

- Реклама -