По интервенцијата на МНР корегирана е придавката „северномакедонски“ на вебот на Европскиот парламент

Министерството за надворешни работи соопшти дека реагирало до Европскиот парламент за употребата на придавката „северномакедонски“ и дека грешката е веќе отстранета од веб страницата на Европарламентот.

– Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија континуирано укажува на точната употреба на уставното име на државата и државјанството на граѓаните на Северна Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до Европскиот парламент за конкретниот случај, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации. Дополнително, би сакале да потврдиме дека по нашата реакција грешката беше веднаш корегирана, посочуваат од МНР.

Прочитајте и:  Муцунски: Ќе продолжиме да работиме на патот кон ЕУ и да испорачуваме резултати

На веб страницата на Европскиот парламент, вчера, беше објавен документ во кој се анализира евроинтегративниот пат на земјава и Договорот од Преспа, а владата беше наречена „северномакедонска“.

Според Преспанскиот договор, придавката во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции треба да биде во согласност со официјалното име на државата и да гласи „на Република Северна Македонија“ или „на Северна Македонија“.

- Реклама -