По грешка му стигнале пакети од Amazon вредни 4.500 евра (и има право да ги задржи)

Новата година изгледа се поднапила, па заврши на вратата на еден млад Британец, многу порано од очекуваното. Имено, заради техничка грешка, студентот Роберт Квин (22) доби 46 пакети од Amazon, во вкупна вредност од 4.500 евра! Меѓу „подароците“ има таблет, 3D телевизор, играчка конзола, па и радијатор.

Пакетите содржеле вратена роба од незадоволни купувачи и биле наменети за британскиот склад на Amazon, но по грешка во адресата, тие пристигнале во Бромли, Лондон.

 

amazon-robert-quinn[1]

„Три пати им пишав на Amazon, кои ја открија грешката, ама рекоа дека можам да ги задржам сите пакети како новогодишен поклон“, изјави Квин. „Реков дека не би сакал луѓето што ги вратиле овие пакети да имаат проблеми, но од компанијата ме уверија дека тоа нема да се случи“. Тој додаде дека дел од подароците ќе задржи, а од остатокот, дел ќе подари во хуманитарни цели, а дел ќе продаде (за да собере доволно пари и да го отвори бизнисот што веќе некое време го планира).

Портпаролот на компанијата потврди дека Квин има право да ги задржи подароците и дека „работата е решена“.

- Реклама -