По грешка: Изградиле луксузна палата на туѓ имот

Новоизградената мега-палата на еден брачен пар од Флорида се претвори во мега-кошмар. Марк Вос и неговата сопруга се сопственици на дури 18 парцели во заградената елитна населба Ocean Hammock, ама и покрај тоа, нивната нова куќа заврши на туѓ имот.

„Не ни се верува. Планиравме да се преселиме, ама после ова, нашиот моментален дом изгледа како подобро решение“, вели Марк, и самиот сопственик на компанија од Мисури што работи со недвижнини.

dream-home-550x369[1]

Парот го купил имотот со адреса на 23 Ocean Ridge Blvd. во 2012-тата. По купувањето, ја најмиле компанијата Keystone Homes за да им ја изгради куќата од соништата – на три спрата, со 5 спални соби, на површина од 5000 квадратни метри. Сето тоа ги чинело 680.000 долари!

6 месеци откако куќата била изградена, еден тим од градежници ја увидел грешката. Куќата е всушност изградена на соседниот имот – 21 Ocean Ridge Blvd. , а припаѓа на друг брачен пар кој го купил во 2003-тата.

fail_house

Се чини дека целата забуна е по вина на градежната компанија. По низа грешки во проценката, работниците започнале да градат на погрешниот плац. Сега Вос ја тужат компанијата и бараат отштета, додека Keystone Homes се обидуваат да направат спогодба што ќе биде прифатлива и за двете страни. Заменик-претседателот на компанијата и самиот призна: „Имам изградено над 600 домови, но ова никогаш порано не ми се случило“.

- Реклама -