Започнуваме со теренските активности и посета на жителите во општина Пробиштип. ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за разговор со граѓаните. По 365 дена консолидација на државата, стабилизирање на институциите и решавање на многуте предизвици со кои се соочивме, продолжуваме со поставувањето на темелите на нашата нација, изјави Никола Мицевски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
-Во последниот период реализиравме дел од ветувањата кои им ги дадовме на граѓаните. Пензиите се зголемија за 5.000 денари, решивме статусот на специјализантите, а платите во образованието исто така беа зголемени. Овие и многу други проекти од централно ниво се важни за нашите граѓани. Што се однесува до работата на општините, обезбедени се средства со кои тие можат да конкурираат за финансирање на капитални проекти. Општина Пробиштип ќе продолжи со својот развој, предводена од нов градоначалник кој има визија и искуство и кој искрено ќе работи за интересите на граѓаните, нагласи тој.