Техничкиот премиер Оливер Спасовски им го честиташе празникот на сите граѓани кои денеска го славата Христовото раѓање.
„Ова е празник на чесноста, празник на храбри одлуки, празник на активности на дело. Токму преку овој празник можеме сите заедно да препознаеме што е тоа што можеме да го направиме за себе, да го направиме за нашата држава за општото добро и за заедничкиот напредок“, порача Спасовски од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде се одржа централната свечена божествена литургија по повод празникот Рождеството Христово – Божик, на која покрај Спасовски присуствуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања – Бујар Османи, министерот за здравство – Венко Филипче, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски.
Спасовски беше прашан и за лепчето со паричка и откри дека за првпат по многу години, вчера на Бадник паричката паднала токму кај него. Кај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пишувавме вчера, се случи токму обратното.