Не ѝ беше лесно минатата година, а канадската пејачка сега ги потврди шпекулациите околу разводот.
По две години заеднички живот, Аврил Лавињ вчера на својот Инстаграм профил објави дека го раскинува бракот со фронтменот на познатата рок група Никелбек, Чед Кругер.
„Многу ми е тешко што морам да ви кажам дека јас и Чед го објавуваме нашиот развод денеска“, напиша канадската музичка сензација објавувајќи фотографија од нивната венчавка на социјалните мрежи.
Таа додаде и дека не само во нивниот брак, туку и во заедничката музика имаат безброј моменти кои што ќе ги паметат засекогаш.
„Ние сѐ уште сме и секогаш ќе бидеме најдобри пријатели и ќе се грижиме еден за друг. На нашите семејства и пријатели, им благодариме за огромната поддршка“, напиша пејачката.