Познатата пејачка беше мирна шест месеци, но сега повторно е активна на социјалната мрежа!
Нејзините најверни обожаватели конечно го дочекаа големотоо враќање на својата сакана Ријана на Инстаграм!
Поминаа речиси шест месеци од кога 26-годишната пејачка осната без својот профил на социјалната мрежа, откако објави неколку голи фотографии со кои ги прекрши правилата на однесување на оваа социјална мрежа. Но, таа се врати со стил и се разбира- повторно провоцира.
Познатата дива направила фото снимање за магазинот ELLE за кој позирала во разголено издание, а неколку фотографии сподели на својот Инстаграм профил.
Дали Инстаграм ќе ја казни повторно? Обожавателите се надеваат на негативен одговор.