По 3000 денари за младите од 18 до 23 години доколку работат

Младите од 18 до 23 години кои работат во производствени компании, а имаат социјално осигурување, ќе добиваат по 3000 денари додаток на нивната плата.

Оваа мерка според премиерот Заев е во корист и на работодавачите и на вработените. Наменета е за младите кои по завршување на средното образование, немаат желба да студираат, но им е потребна стимулација да заработуваат со почеток на нивното полнолетство.

Според министерката за труд и социјала Мила Царовска ова е една од мерките со кои се поттикнуваат младите да останат во државата и да придонесат за развој на домашните производствени компании.

Од Агенцијата за вработување велат дека според податоците, 4000 млади до 23 години ќе имаат право на додатокот, а ќе можат да аплицираат преку агенцијата откако законот ќе ја помине собраниската процедура.

- Реклама -