По 25 евра месечно за секој што на работа ќе дојде со велосипед

Бари е првиот италијански град кој ќе им плаќа на граѓаните да доаѓаат на работа со велосипед.

Градоначалникот на Бари, Антонио Декаро, планира “двојно да го зголеми бројот на велосипеди во градот во 2019 година“ па затоа ќе отпочне пилот-проект кој ќе трае четири месеци, при што граѓаните ќе бидат платени за да го користат велосипедот како транспортно средство од дома до работа и од работа до дома.

Тие што со велосипед ќе дојдат на работа или училиште, ќе им бидат исплатени по 20 центи за секој изминат километар, односно до 25 евра месечно или 125 километри месечно.

За учество во проектот можат да се пријават до 1000 жители на Бари.

За да се мерат поминатите километри, на нивниот велосипед ќе биде инсталиран специјален уред врз основа на кој ќе се прават месечните исплати.

Слободното возење ќе се тарифира по 0.04 евра за километар.

– Освен тоа што ќе го подобрите своето здравје, со возење на велосипед ќе може да заработите и пари, рече градоначалникот.

За оние кои немаат велосипед, градот, исто така, издвои и посебни средства за да им помогне на граѓаните да купат велосипед, а таа мерка важи за вработените, родителите и децата.

Со парична помош од 100 евра градот ќе им помогне на своите граѓани да набават половен велосипед, 150 евра за купување нов велосипед и 250 евра за купување електричен велосипед.

- Реклама -