По 120 години женско владеење, Холандија доби крал

Холандија денес, по 120 години со жена на тронот, доби крал – Вилем Александар застана на тронот по повлекувањето на кралицата Беатрикс.

По тој повод целата земја се обои во портокалово, бојата на кралското семејство.

Кралицата Беатрикс (75) денес абдицираше, предавајќи ја круната на својот најстар син, Вилем Александар (46) кој стана прв крал на Холандија по повеќе од еден век. Кралицата беше на престолот 33 години во текот на кои, според мислењето на нејзините поборници, го трансформираше кралството во модерна монархија.

article-2316988-198D52CD000005DC-193_964x678

Со ова Беатрикс се врати на својата претходна титула – принцеза. Чинот на абдицирање го потпишаа Беатрикс, новиот крал како и членовите на холандската влада, меѓу кои и премиерот Марк Рут.

На плоштадот во Амстердам, Дам, уште од раните утрински часови се собраа илјадници луѓе во очекување да го поздрават новиот крал и неговата сопруга, кралицата Максима.

A couple wear hats reading "Maxima" and A woman waits for the coronation outside the Royal Palace in Amsterdam Members of the public gather in Dam Squa People wait for Queen Beatrix's abdication ceremony in Amsterdam The Public Celebrates The Inauguration Of King Willem Alexander As Queen Beatrix Of The Netherlands Abdicates

Вилем Александар ќе биде крунисан во катедрала во центарот на Амстердам. Новата кралска двојка има три ќерки, принцезите Катарина Амалија (9), Алексија (7) и Аријана (5). Негова наследничка сега е најстарата ќерка Катарина Амалија.

article-2316988-198D66AC000005DC-404_964x673

Кралицата Беатрикс ќе остане запаметена по тежнеењето кон перфекција, беспрекорната облека и богатата колекција на шешири.

pink-or-red

- Реклама -