„Плусинфо“: Се преговара за една година премиер од ДУИ, па три години премиер од ВМРО-ДПМНЕ

Веста што ја пренесуваат вечерва (5 август) албанските медиуми, дека е на повидок коалиција меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, потекнува од партиски извори кои имаат директна врска со преговарачите, тврди порталот „Плусинфо“.

Според информациите на порталот, точно е дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сметаат на тоа Левица да ја поддржи новата влада – без да учествува во истата, но и на поддршката од ДПА и четворицата пратеници на Алтернатива на Африм Гаши.

„Плусинфо“, меѓутоа, тврди дека не е точно дека било договорено Лазар Еленовски да биде премиер, туку се разгледува опцијата првата година премиерот да е од ДУИ, а следните три да е од ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме од ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да ги коментираат ваквите информации, а и Бујар Османи, во одговор за „360 степени“, преку порака вратил дека „нема коментар“.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

 

- Реклама -