Уметноста во Венеција не е само во музеите и галериите, можете да ја видите насекаде. Понекогаш е потребно само да погледнете надолу, под нозете, и да пронајдете вистинско уметничко дело.
Токму тоа го прави фотографот Себастијан Ерас, кој создава серија на фотографии на уникатни плочки и мозаици од улиците на Венеција, низ кои секојдневно минуваат пешаците. Додека го истражува италијанскиот град, тој наидува на различни плочки со уникатен дизајн – во светли бои, геометриски форми, детали.
Неговите фотографии се одлична симболика и за положбата на уметноста во општеството. Понекогаш само ја газиме брзајќи некаде, заборавајќи да погледнеме што има околу нас, па и под нас.