Не се грижете, девојчето не е во опасност. Мечката нема брутално да го распарчи. Помеѓу нив има ѕид од плексиглас дебел пет сентиметри. Оваа оптичка илузија е создадена во едно канадско одморалиште каде што децата можат да пливаат крај најголемиот копнен предатор во светот.
Одговорните лица во Cochrane Polar Bear Habitat, во близината на Онтарио го направиле овој уникатен базен со цел да им овозможат на посетителите навистина уникатно искуство. Претставник на центарот изјавил: „Гледањето во очите на огромно животно како белата мечка, додека пливате на неколку сентиметри од неа е нешто што никогаш нема да го заборавите.“
„Слободно можете да се опуштите без никакви грижи бидејќи нашиот базен е одделен од базенот на мечките со пет сентиметри некршливо стакло, со одличен оптички квалитет. На сите ваши фотографии ќе се создаде оптичка илузија. Оној што плива ќе биде во водата заедно со бела мечка.“ [Cochrane Polar Bear Habitat]