Плесни ја подобро

Лампа во облик на задник што се пали со плескање.

Дизајнерите имаат смисла за хумор. Доказ за тоа е лампата  “Slap it” која што е направена со цел да ги краси ѕидовите на оние кои сакаат собата да им ја осветлува задник.

lampa-zadnik1

Но како самиот изглед да не е доволен, па дизајнот е осмислен така што лампата се пали со плескање.

„ Плеснете ја или нежно стегнете ја за да го осветли вашиот дом“, пишува на сајтот каде што се продава оваа лампа.

Истата е достапна во 10 бои, по цена од 399 фунти.

lampa-zadnik2

- Реклама -