Плескавици од компир

Додека траат летните денови убаво е да внесувате што повеќе зеленчук, но и да експериментирате со здрави  вкусови.

Денеска ќе ве научиме како да подготвите плескавица од компири. Брзо, едноставно и многу вкусно…

Состојки:

500 г. компири

млад кромид

250 г. презла

2 јајца

лажица путер

суви билни зачини по вкус

сол

бибер

Подготовка:

Излупениот компир се вари, па се прави пире со путер и се остава да се олади.

Кромидот кратко се динста и се промешува со пирето од компир.

Во смесата се додаваат јајца презла и зачин, па се формираат мали плескавици кои малку се тркалаат во брашно и се оставаат во фрижидер да отстојат 30 минути.

Пржете ги на врел зејтин додека не заруменат.

Служете ги со сос од домат и сезонски зеленчук.

7942_pljeskavice-od-krompira-shutterstock_32918464_630x0

- Реклама -