Playboy влезе во нов период од развојот, откако на пазарот се појави првиот број на списанието без комплетно голи слики на жени.
Ова е една од промените кои целат кон зголемување на тиражот на списанието, како и доближување до помладата генерација. Списанието ќе биде отпечатено и на луксузна хартија, а оттука натаму ќе отпаднат вицовите и карикатурите од неговите страни.
На корицата од првиот број се наоѓа ѕвездата Сара Мeкданиел, а насловната изгледа повеќе како порака на Snapchat.
Главниот извршен директор на списанието Скот Фландерс вели дека отсекогаш сакал Playboy да изгледа вака. Според него, во моментов Playboy повеќе е списание од категоријата на Vanity Fair, отколку на GQ или Maxim. И покрај бројните негирања од претплатниците по објавувањето на промените, од списанието се позитивно настроени бидејќи на тој начин очекуваат да привлечат доста нови реклами.