Плажа што треба да ја чекаш да се појави

Малата скриена плажа во Ланес, Шпанија, е необична и уникатна по тоа што се наоѓа „среде никаде“. Опкружена е со карпи и полиња, одалечена на 100 метри од Кантабриското море.

Се вика De Gulpiyuri и се појавува еднаш во текот на денот. Всушност претставува мала вдлабнатина со „брег“ долг 40-50 метри, која се исполнува со вода и исчезнува заедно со плимата и осеката. Водата доаѓа преку подземни тунели и пештера кои ја поврзуваат со океанот.

Кога плимата е поголема, можете и да попливате, а во остатокот од времето обично водата достигнува само до колена. Интересно, но и сосема логично, е и што иако е мала плажа „среде никаде“, сепак има бранови.

- Реклама -