Платите во високото образование се нерамномерни, од околу 500 до 2.000 евра за редовни професори. Нема пропишани посебни и критериуми, кои МОН би ги употребило во распределба на парите во јавните универзитети и научните установи. Распределбата се врши произволно и врз политички параметри, без можност за контрола. Сето ова претставува основа за системска корупција, а го поткупува и тежнее да го сруши од темел високото образование.
Независниот академски синдикат (НАкС) на прес-конференција повторно објави загрижувачки податоци од високото образование, како продолжение на серијата истражувања. Овој пат, фокусот беа малите плати и нелогичните поделби по универзитети и факултети.
Како репер НАкС ги зема редовните професори, како престиж во образованието.
Професорката Мимоза Ристовска потсети дека во Косово, редовен профор има плата од 1.400 евра, додека просечната плата им е нешто над 350 евра, што е помала од земјава. Во Македонија – професорите земаат нешто над просечна плата. Просекот за редовен професор е 550 евра. Во Албанија, пак, дупло од просечната плата и ја преминуваат „фамозната“ граница од 1.000 евра. Во Србија – околу 1.000 евра, а Црна Гора далеку над оваа сума.
„Од 2010 до 2018 година државниот Буџет во Македонија пораснал за 38%. Но, очигледно е дека платите во јавниот сектор не го следат порастот на Буџетот“, нагласи Ристовска, потенцирајќи дека високото образование е на граница на егзистенција.
За разлика од образованието, нагласи дека во култура платата за една деценија е порасната за 17%, здравство за 24,2%.
Платите што се исплаќаат од буџетот на МОН за плати се пресметуваат според коефициенти. Пример, за редовен професор, коефициентот е 3.921. Но, Ристовска реагира дека оваа методологија на МОН со три децимали, не само што не се почитува, туку таа не постои ниту еден закон, ниту еден колективен договор.
Целата статија ТУКА