Веќе неколку години, меѓу многу шпански семејства не е прифатливо едноставно да ги фрлиш пластичните капачиња од употребените шишиња. Луѓето или ги собираат дома, или ги носат во специјални кутии во шопинг-центрите. Зошто?
Сé почнало со едно мало девојче по име Ајтана Гарсија. Ајтана се родила со комплексен „дефект“ на срцето. Единственото што можело да се направи било таа да замине на скап медицински третман во САД. Родителите на девојчето побарале помош преку ТВ медиумите. На повикот одговорила една фабрика за рециклажа, која понудила да го плати потребниот износ во замена за 200 тона тврда пластика.
Луѓето почнале да собираат капачиња насекаде. Во маркетите, спортските клубови и административните канцеларии – кутии за капачиња имало насекаде. Потребната количина капачиња била собрана за пар месеци.
Ваквиот начин на помош оттогаш се практикува секогаш кога се може. Во Шпанија се формираше цел еден проект, чија цел е да склучува договори со компаниите за рециклирање. Според ова, звучи како едноставен процес, кој подразбира единствено забрзување на размената – помалку пластика за животната средина, помош за тие што им е потребна, а многу мал зијан за фабриките. На крајот, парите од рециклирањето на пластиката помагаат да бидат спасени човечки животи. А луѓето сé уште собираат капачиња.
Извор: Bright Side