ПЛАНОТ НА ЕУ ЗА НАГЛО ГРЧКО ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД УНИЈАТА

Документот под наслов „Хрватското приклучување кон Европската унија,“ што ЕУ го разработува од 2012 всушност е апокалиптично сценарио за најјужната членка на Унијата во времето на нејзината најголема финансиска криза. Изборот на насловот на документот е од страв дека ако се дознае за неговото постоење тоа веројатно ќе значи и конечен крај.

Откако ЕУ и Грција постигнуваат некаков договор за спас од банкрот, планот се враќа назад во архива. Таму останува некаде до јуни 2015, кога двете страни преговараат за третиот пакет за спас на Грција. Бидејќи во тоа време Хрватска веќе е членка на Унијата, а стравот од продлабочување на кризата во Грција се уште постои, името на планот е сменето во “Albania Contingency Analysis & Plan, Sovereign Default 2015“.

И во двата случаи крајната цел на планот е „минимизирање на хуманитарната катастрофа во случај Грција да биде присилена да ја напушти ЕУ и евро зоната“.

Дел од планот се однесува на менаџирање на напуштањето на ЕУ, и во него на ЕУ и е јасно дека доколку земјата не може да ги плати долговите кон останатите членки, таа ќе има само една опција за да спречи целосен колапс на банките во земјата, а тоа е воведување на нова валута (враќање на драхмата).

„Ова ќе значи веднаш да почнат да се печатат нови пари. Практичниот дел ќе биде решен за неколку часа, и за него Централната банка ќе треба да ги промени своите ИТ системи за да можат да ги конвертираат еврата на банкарските сметки во новата валута. Во рок до неколку часови Народната банка на Грција ќе заврши со конвертирање на сè.

Сите договори според грчките закон ќе бидат изразени во новата валута, а јавните службеници и пензионерите ќе мора да бидат исплатени во новата валута, како и даноците. Новата драхма инстантно ќе изгуби вредност во однос на еврото. За новата валута да стане реалност Грција ќе мора да воведе нови закони со кои и официјално еврото се заменува со новата драхма. Валутата ќе стане единствено легално средство за плаќање, а сите евро депозити исто така ќе бидат конвертирани,“ се објаснува во книгата „Последниот блеф“ на Викторија Дендрину и Елени Варвитсоти

На Европејците им е јасно дека никој нема да сака да ја користи новата валута, а уште помалку да штеди во нејзе, заради што таа ќе западне во „спирала на девалвација“. Последица на ова ќе биде растечка инфлација, а последица на тоа ќе биде што увозните производи ќе бидат уште поскапи. Сето ова ќе се одрази на долгот што Грција ќе треба да го плати, кој и понатаму ќе биде изразен во евра.

Целата статија на офф.нет.мк

- Реклама -