Во сабота во 11 часот во рамки на фестивалот When in Krusevo, љубителите на планинскиот велосипедизам ќе можат да учествуваат во трката организирана во околината Крушево. Патеката е кружна во должина од околу 3.7км и се возат онолку кругови согласно категориите на возачи опишани во документот пропозиции.
Во организација на велосипедскиот клуб Оксижен и велосипедската федерација на Македонија на трката може да учествуваат сите лиценцирани возачи како и сите хоби возачи, рекреативци љубители на природата.