Планетата на “Малиот принц” оживеа во Франција

Тематски парк инспириран од вечната класика на Антоан де Сент Егзипери-“Малиот принц”, беше отворен во Франција.Паркот им овозможува на посетителите да се потсетат на напишаното во книгата дека „Сите возрасни луѓе пред да пораснат биле деца”.

“The Little Prince Park” се надева дека ќе привлече над 150 000 посетители годишно со своите балони , слајдови, живи лисици и овци и други познати работи од надреалистичната бајка за змомче кое живее на планета, малку поголема од самиот него.

„Нашата целна публика се сите деца на возраст меѓу 2 и 12 години, како и сите возрасни, кои се сеќаваат дека некогаш биле деца”, рече Жером Џакомони, кој е еден од креаторите на проектот, кој се наоѓа во близина на француската граница со Германија.

Досега најславното дело на Егзипери “Малиот принц” е преведено на повеќе од 270 јазици, откако било објавено за прв пат во 1943 година. Истото е  поетска новела за пријателството, љубовта и загубата. Малиот принце е една детска книга за големите.

Прочитај повеќе: Малиот принц, прекрасна книга за големите луѓе

- Реклама -