План против лажните вести или опасност за слободата на говорот?

Најавената „борба“ на Владата против дезинформациите не може да се спроведува еднострано – за предлог акцискиот план да биде доследен во спроведувањето клучна алка лежи кај медимската јавност која не смее да биде исклучена едногласни се од ЗНМ и Советот за едика во медиумите.

И двете еснафски здруженија сметаат дека доколку пристапот е од врвот надолу се ризикува истиот да биде злоупотребен и да се претвори во цензура.

Од ЗНМ велат дека охрабрувачки е потегот на владата да направи напор за одбранбен механизам внатре во институциите. Потенцираат дека дел од мерките во предлог акцискиот план на владата поради недоречености може да се толкува како обид за ограничување на слободата на изразување, а со тоа да се нанесе штета во медиумскиот сектор во земјава.

Од Советот за етика во медиумите појаснуваат дека секој обид за регулација вон еснафската заедница може да биде проблематичен.

Од самостојниот синдикат на новинари сметаат дека неопходни се суштински реформи во медиумската сфера, со кои ќе се обезбеди опстанокот на квалитетните медиуми, кои ќе бидат гаранција за точна и правовремена информација.

„Најавеното пропагандистичко-нормативно санкционирање на лажните вести не е гаранција за успешно справување со нив. Слободата на говорот и работењето на медиумите во слободно опкружување и без притисоци мораат да бидат загарантирани во секој случај и при спроведување на каквa било акциска борба против лажните вести и дезинформациите“ – се наведува во соопштението на ССНМ.

Медимската јавност дополнително смета дека Владата не може и не смее да си дозволи да дефинира дали некој новинар или медиум е етичен, ниту смее да си дозволи индивидуално да размислува за тоа кој новинар ќе биде акредитиран за да ги следи владините настани. Препорачуваат дека Власта не смее да заборави дека медиумите се седма сила, а не нивна продолжена рака.

ТВ24

- Реклама -