Не нé прашувајте како, ама викаат дека работи. Твое е само да ја ставиш испраната и исушена облека во специјалниот дел на плакарот – кој многу наликува на барабан на машина за перење, а после си бркаш работа. Сортирањето, пеглањето и закачувањето на секое парче од облеката го прави самиот плакар. Плус, знае што ти е чисто, а што си носел и треба да фрли за перење. Доаѓа во пакет со мобилна апликација, која освен што далечински го конролира, ти покажува и низа дополнителни информации за облеката што ја имаш на располагање.