Оскар Пјастри триумфираше во спринтот на патеката „Лосаил“, непосредно пред утрешната Голема награда на Катар. Австралиецот, кој постигна хет-трик во спринтот, ја освои победата и во претходните две сезони на оваа патека. Пјастри заврши пред возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, како и пред својот тимски колега, Ландо Норис.
Спринтот во Катар не донесе никакви возбудувања. Првите тројца возачи ја задржаа својата предност, а очекуван напредок направи Макс Ферстапен, кој од шестата позиција се искачи на четвртата.
Текот на трката беше интересен за Андреа Кими Антонели, кој стартуваше од седмото место и успеа да стигне до шесто.
Покрај најдобрите тројца, бодови освоија и Ферстапен, Цунода, како и Антонели (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Карлос Саинц (Вуилијамс).
Вечерва, со почеток во 19:30, на програмата се квалификациите за главната трка. Големата награда на Катар ќе се вози утре од 17 часот.
Во генералниот пласман, Ландо Норис е на првото место со 396 поени, што е 22 поени повеќе од Пјастри и 25 од Ферстапен. Доколку Норис победи утре, ќе ја освои шампионската титула.
Фото/ EPA




