Pizza Hut претстави концептуална сензорна маса за нарачка на пици

Нарачувањето на пици во пицерија е целосно рутински процес – неопходно е да се разгледа менито и да избере. И, се разбира, да почекаме да дојде келнерот кој да ни ја земе нарачката.

Но тоа веќе нема да е така. Во официјалниот профил на познатиот синџир пицерии Pizza Hut во YouTube се појави видео клип, кој покажува сензорна маса за нарачка на пици. Посетителот може сам да ја избере големината на пиците, кутиите и се останато што сака. Потребно е само да ги движи прстите по масата – без бавни келнери.

Проектот се реализира во соработка со компанијата Chaotic Moon Studios. Засега не е јасно кога масите од овој тип ќе се појават во пицериите, но е факт дека технологија за тоа веќе постои.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -