Ако сакате да направите некое посериозно уредување на вашите фотографии за тоа постои Photoshop, но доколку сакате да потрошите само неколку минути и да направите нешто само заради забава тогаш тука е PiZap. PiZap е многу едноставен за користење и не бара регистрација. Треба само да аплоадирате фотографија и на неа можете да додадете текст, налепници, да цртате врз фотографијата или да додадете некој од готовите ефекти.