Едно неодамнешно истражување спроведено во Велика Британија покажало дека најудобна облека за спиење е всушност „костумот“ на Адам и Ева. Според британските истражувачи спиењето во пижами не е здраво за организмот затоа што не овозможува квалитетен сон.
Еве ги клучните факти од студијата:
Дури и најмало прегревање на телото како резултат на облеката за спиење која речиси се прилепува за телото го нарушува лачењето на хормоните и тоа на мелатонинот – хормонот на младоста и на хормоните за растење.
Спиењето со голо тело го овозможува намалувањето на хормонот на стрес во крвта – кортизолот. Како резултат на тоа будењето е лесно и пријатно и доброто расположение и работотспособноста се гарантирани во текот на денот. Ниското ниво на кортизол во крвта го контролира апетитот.
Природната температура на телото и директниот контакт на кожата со воздухот во текот на сонот допринесуваат за регенерација на кожата поради што и сонот е неопходен за здрава и сјајна кожа.