Пивото подобро хидрира, алкохолот делува за 6 минути

Повеќе... Благодарејќи на неуморните научници сега знаеме дека подобро е да се пие пиво наместо вода после вежбање, а во другите вести истите тие точно измерија за колку време алкохолот делува врз мозокот.


cheers-01.pngБлагодарејќи на неуморните научници сега знаеме дека подобро е да се пие пиво наместо вода после вежбање, а во другите вести истите тие точно измерија за колку време алкохолот делува врз мозокот.

Истражувачите во Шпанија, открија дека пиво после вежбање подобро го хидрира телото одошто свежата вода. Професорот Manuel Garzon, од медицинскиот факултет во Гранада дошол до овој заклучок откако тестирал 25 студенти во текот на неколку месеци. Истражувачите веруваат дека шеќерите, солите и меурчињата во пивото им помагаат на луѓето побрзо да ги апсорбираат течностите.

Истражувачите од универзитетската болница Хајделберг , пак, се горди на фактот што за прв пат успееа да ја пресметаат точно брзината за која луѓето најбрзо можат да се опијанат. Во тестовите во кои испитаниците требаше да пијат алкохолен пијалок додека количина во крвотокот не биде 0.05 % и додека беа подложени на скенирање, се покажа дека потребно е шест минути за алкохолот кој се конзумирал да почне да влијае врз мозочната активност.

- Реклама -