Пиво што не предизвикува мамурлак

Претходно оваа недела беа најавени првите jetpack-ови, а веќе некое време дел од луѓето имаат можност да ја внесат сета потребна во форма на таблета. Но, во моментов, човештвото е сведок на почетоците на фантастична иднина што ниту научно-фантастичните филмови не успеале да ја предвидат – пиво кое не предизвикува мамурлак!

20365863

 

Научниците во Австралија ги направија своите први чекори кон овој изум, со тоа што работат на намалување на дехидрациониот потенцијал на пијалокот. За да го постигнат тоа, тие додадоа електролити во составот, исти како оние што ќе ги најдете во спортските пијалоци. Добрата вест? Електролитите го ублажуваат мамурлакот предизвикан од пивото. Лошата вест? Тие, исто така, резултираат со помал процент на алкохол во содржината.

Со други зборови, за сега, имаме несовршено решение. Но, добро е да се знае дека научниците неуморно работат на овој голем благодет за човештвото. Конечно, се чини дека сме на правиот пат, како цивилизација.

- Реклама -