Сан Виталиано, мал град источно од Неапол, доживува проблеми со загаденоста. Иако се работи за мало место со околу 6 000 жители, факт е дека воздухот во градот е толку валкан колку оној на еден развиен мегаполис.
Со секоја измината година смогот во Сан Виталиано се зголемува, па затоа неодамна градоначалникот презеде драстични мерки против пицата. Имено, сите компании кои се занимаваат со бизнис користејќи ги шпоретите на дрва, мора да ги задоволуваат еколошките барања, односно да се опремат со филтри. Ако печките не им се опремени со филтер, фирмите ќе бидат казнети со до 1.130 долари. По глобата полицијата редовно ќе ги проверува рестораните и пекарите, за да се увери дека правилникот на градоначалникот се почитува.
Производителите на пица, како што претпоставувате, не се особено воодушевени од новите барања. Тие веднаш се собрале да протестираат пред Градското собрание. Според нивните зборови не може тие да се причината за ужасниот смог кој секоја година го зграпчува нивниот град. На крајот на краиштата, во самиот Неапол има повеќе пекари за пица и многу почист воздух, велат тие.
Ова не е прв пат, пицата да биде главен виновник за загадувањето на воздухот. Пред една деценија законодавците во Италија пуштија во употреба сличен закон според кој американските печки за пица се забранети. Колку печењето на пица е опасно за здравјето на жителите на Сан Виталиј не е јасно и до денес. Најпосле добро е да се спомене и дека градот се наоѓа на помалку од 31 километри оддалеченост од планината Везув, каде уште дејствува вулкан.