Пицата, „лек“ за Американците

pizza-pepperoni-w857h456

Неодамна се појави една студија која открива по кое јадење Американците паѓаат во несвест.

Победникот е добрата стара пица.

Резултатите на оваа анкета спроведена од агенцијата ‘Harris Poll’ објавени кон крајот на јануари покажуваат дека Американците се, пред сé, нација на стрес-јадачи. Ова пак, најверојатно е причина зошто се толку слабички. Повеќе од половина Американци јадат повеќе кога се под стрес, а 67 % велат дека омилената храна им е некој вид емоционална утеха.

Од 2.500-те испитаници, речиси сите – мажи, жени, луѓе од сите делови од Америка, велат дека нивната омилена утеха е пицата. Единствените кои не ја спомнале пицата се луѓето постари од 70 години, кои, необјасниво, попрво посегнуваат по сладоледот кога сакаат да ја задоволат таа неподнослива глад за јаглехидратите за да го постигнат калоричното блаженство. Чоколадото и стекот ја следат кралицата пица на втората и третата позиција.

pizzz2

- Реклама -