Пицата кај Мефи како?

Претседателот Пендаровски на својот фејсбук профил напиша дека институциите мора да направат сѐ за Охрид да остане на листата на УНЕСКО.

“Утрово разговарав со претставници на македонската делегација кои учествуваа на 43-тата седница на Комитетот за светско наследство која се одржа во Баку. Ме информираа во детали за одлуката на Комитетот, природното и културното наследство во Охридскиот регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност, како и за акцискиот план за исполнување на препораките заклучно со 1-ви февруари 2020 година.”

УНЕСКО повторно ќе го разгледува случајот со Охридскиот регион на следната седница на Комитетот во јуни 2020. Нагласив дека сите заедно мора да направиме сè што е во нашата моќ да го зачуваме статусот на Охрид како град на УНЕСКО, македонско и светско природно и културно наследство. Мора да се преземат одлучни и конкретни чекори во справувањето со дивоградбите при констатирано прекршувања на Законот за градење.

- Реклама -